Женската сениорска репрезентација на Македонија го имаше својот прв собир во неделата на ЕХФ денеска во Скопје.
Селекторот Симе Симовски повика 18 ракометарки, а на првиот собир се појавија 16. Доцнат Марија Николиќ и Душица Георгиевска, од оправдани причини. Вечерва двете ќе бидат во Скопје, утре репрезентацијата ќе биде комплетна на тренинг.
„Ќе одработиме 11 тренинга и ќе одиграме два натпревара. Црна Гора е противник каков што ни треба, иако доаѓаат во изменет состав. Тоа е репрезентација од европскиот врв и против нив ќе видиме до каде сме.
Добро е што здравствениот билтен на нашиот тим е добар. Со исклучок на повредата на Керамичиева.
Тоа е тоа, останува да работиме и да видиме како ќе изгледаме на терен“, кратко „рапортираше“ селекторот Симовски.
Македонија на 22 (17:00 часот) и на 23 март (12:00 часот) во „Автокоманда“ ќе одигра два контролни натпревара со репрезентацијата на Црна Гора.