Стоилов во битка за почист град

Капитенот на Вардар и репрезентативец на Македонија, Столе Стоилов влезе во тимот на „ѓубреџии“ и се приклучи на една од акциите на волонтерската група #НеБидиЃубре која ја предводи актерката Ирена Ристиќ. Стоилов чистеше на депонијата на Вардариште. Стоилов е сопствени ка куче и е познат и по борбата за заштита на миленичињата, особено кучињата.

Кампањата #НеБидиЃубре добива се поголем број активисти со оглед на популарноста која ја добива во јавноста поради битката со нечистотијата во Скопје. Членовите на оваа неформална група веќе исчистија неколку диви депонии во главниот град.
Би било убаво што повеќе спортисти и познати личности да се фатат за ќесето со ѓубре во следниве денови и да испратат малку поинаква порака до своите следбеници и сограѓани. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk