СЕХА ги одреди „Ф4“ термините

СЕХА Гаспром ги одреди термините за одигрување на натпреварите од Фајнал Фор турнирот што на втори април почнува во Брест. 

Учествуваат екипите на Мешков Брест, Вардар и двата хрватски претставника Нексе и ППД Загреб. 

Први на терен ќе бидат хрватските клубови. Од 16:30 по македонско време на втори април ќе се сретнат Нексе и ППД Загреб. 
Вардар и Мешков Брест ќе играат во главниот термин од 19:00 часот. 

Ден подоцна на трети април се игра меч за трето место од 16:30 и големото финале од 19:00 часот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk