Агинагалде верен на Келце

Келце денеска објави дека е постигнат договор за продолжување на соработката со шпанскиот пивот Хулен Агинагалде за уште една сезона. 

Агинагалде дојде во Келце во 2013 година од Атлетико Мадрид. Во тоа време никој немаше да погреши ако кажеше дека тој е најдобриот пивот во светот. 

Се покажа како исклучително добра инвестиција, а останува запаметен и како стрелец на решавачкиот седмерец со кој Келце стана Европски шампион во Келн.

Агинагалде сега има 36 години и полека јава кон зајдисонцето на својата играчка кариера. Келце веќе има подготвено замена, договорен е Николас Турна од Нант. Но, тој нема да дојде веднаш затоа што има важечки договор со Нант, па затоа и Агинагалде ќе си остане уште една сезона плус во Келце. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk