Девојката на Сагосен си оди од Париз

Данскиот клуб Силкеборг денеска се пофали дека потпишал двегодишен договор со норвешката репрезентативка Хана Бредал Офтедал. 
Таа ракометарка што игра на позиција десен бек и е сестра на плејмејкерот Стине Бредал Офтедал, ракометарка на европскиот првак Ѓер. Исто така позната е и по тоа што е девојка на еден од најдобрите светски ракометари - Сандер Сагосен. 

Токму доаѓањето на Сандер Сагосен и нејзиниот трансфер во Париз 92 беа поврзувани како некој логичен тек на настаните. 

По две години, Хана Офтедал повторно акцент става на својата кариера и се сели во Силкеборг, клуб посилен од Париз 92, но подалеку од Сандер Сагосен. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk