Веспрем од „втора“ позајми бек од Египет

Веспрем се пофали дека успеал да одоброволи еден од двајцата египетски ракометари што сакаше да ги доведе во своите редови. 
Давид Дејвис со унгарска поддршка го наговори Замалек да го позјами нивниот десен бек Јехја Омар Калед на две сезони, почнувајќи од јуни. 

Омар Калед треба да ја надополни празнината што ќе ја остави Ласло Наѓ кој во јуни завршува со активното играње. Египетската алтернатива има 21 година и беше еден од играчите што привлекоа големо внимание на последниот мундијал, иако дели минутажа со најдобриот египетски ракометар, Ахмед Ал Ахмар. 

Веспрем се обиде и пред извесно време да го ангажира Омар Калед, но тогаш Замалек побарал премногу пари.  . Веспрем го барал и пикерот на Ал Ахли, ракометарот Ибрахим Ал Масри, но овој клуб со објаснување дека им е потребен за домашното првенство, не сакал да разговара ни за отштета.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk