СУПЕР ЛИГА, ПОСЛЕДНО КОЛО: Т. Пролет со печат за плеј оф

Утре ќе се одигра последното коло од регуларниот дел на Супер лигата и официјално ќе бидат потврдени позициите, а екипите поделени во плеј оф и плеј аут учесници.

Минатото коло одговори речиси на сите прашања, утре само ќе чекаме потврда. Е. Работник, Пелистер и Бутел Скопје на коло до крајот имаат обезбедено плеј оф. Печатот со кој ќе се завери последната покана за ова друштво е во рацете на Т. Пролет. 
Мораат колку и да е рутински да одработат против Прилеп, еден од најслабите тимови во лигата и потоа да го заверат своето учество. 

Охрид останува со празни раце. Тие не само што се гости во Битола, туку и со евентуална победа над Пелистер нема да имаат плеј оф. Освен ако Прилеп не го совлада Т. Пролет. Но, не веруваме дека прилепчани се кадарни за таков подвиг. 

Плеј аут друштвото ќе го сочинуваат Охрид, Струга, Радовиш, Вардар Јуниор, Прилеп и Борец. Ако е за утеха на охриѓани, ќе играат уште две езерски дерби средби со Струга. 


Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk