Хановер со Павел Атман ја напаѓа Битола

Еурофарм Работник во следното коло од ЕХФ Куп на домашен терен ќе игра против германскиот претставник во ова натпреварување, Хановер. 
Првата средба заврши со тесна победа на Германците 24-21, но ова беше само вовед во слабата евро-сезона на Хановер кој веќе нема шанса да се пласира во следната фаза. Со само три бода, на две кола до крајот и послаб меѓусебен скор со Татабања, германскиот Хановер е практично елиминиран. 

Но, тоа не значи дека ќе биде туристичко друштво во следните две кола во кои се среќава со Е. Работник во Битола и потоа на домашен терен со Нексе. 

Вчера, на бундеслигашката пресметка со лидерот и извесно старо-новиот шампион на Германија, Флензбург, во составот на Хановер за прв пат оваа година се врати поранешниот играч на Металург, Павел Атман. 

Русинот долго беше повреден и го пропушти и мундијалот во Германија, но сега е на терен и постигна два гола за Хановер на натпревар што сеедно, го загубија. 
На Павел Атман сега му се потребни натпревари и веројатно на 24 март ќе го видиме во Битола. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk