Ќе игра ли Кина во СЕХА?

Нашиот колега од Хрватска, Дражен Пињевиќ, новинар на Спортске Новости, инаку новинар познат и по тоа што има добри врски со ХРС и ППД Загреб, објави интересен текст во кој обелодени дека мала делегација на ХРС и ППД Загреб била во Шангај, Кина и тоа го поврза со можноста да се направи соработка на ниво Кина - ХРС/ППД Загреб. 
Иако нема детали од тоа нивно патување, Спортске Новости велат дека постои можност Кина да заигра во СЕХА лигата и соработката од желба или идеја да се претвори во конкретна. Кина во Загреб би учела ракомет и нормално би станала моќен спонзор и би помогнала со финансирање на разни ракометни проекти, вклучително СЕХА лигата. 

Можеби ова ви звучи чудно и нелогично, но во суштина не е неизводливо. Кина пред две години својата женска репрезентација ја пресели во Данска, во Виборг. Тие беа таму пет месеци во годината. Планот беше сличен и за машка конкуренција, требаше да испратат 80 ракометари во Виборг и тоа да стане нивна тримесечна база, со оглед на тоа дека и тренерскиот тим им беше составен од Данци. 

По четири месеци добивме информација дека Кина го отпуштила целиот дански тренерски тим во машката конкуренција и да бидеме искрени, до тука сме во тек. По ова немаме некоја новост околу ангажманите на Кинезите низ Европа, се до можноста објавена во Спортске Новости. 

Колку и да звучи лудо и неизводливо, ако се знаат овие детали за Кина, треба само да одлучат да се преселат од Виборг во Загреб и нивното играње ќе биде лесно да се органзира. 

СЕХА, нормално, ништо не(ма) да коментира, но ќе дознаеме доволно детали за да ја поврземе оваа приказна наскоро. Има место во СЕХА доколку се реализираат најавите за поделба на лигата во две групи. Стеауа и Словенците не ги гледаме одново во СЕХА, но Веспрем и Сегед можеби. Статусот е: комплицирано. Ќе се отворат повеќе карти наскоро, па ќе имаме повеќе детали. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk