ЧСМ нема да биде шампион на Романија!

ЕХФ би требало да подготви најмалку двe вајлд карти за следната сезона во Лигата на шампионите во женска конкуренција, затоа што на новиот постабилен дански проект Одензе кој тешко дека ќе биде првак на Данска, се чини ќе му се приклучи и еден од најбогатите и најмоќните состави - ЧСМ Букурешт. Звучи нереално, но ЧСМ нема да биде шампион на Романија доколку не се случи некакво чудо. 

ЧСМ Букурешт вчера, со гол од центарот на игралиштето во последните секунди ја совлада Влчеа како гостин (30-29), но Влчеа и натаму има подобар меѓусебен скор, тие под водство на шведскиот тренер во комплетен состав загубија дома 19-22 на првиот меч. Сега, доколку во следните шест кола запише шест победи, тогаш новиот шампион на Романија ќе биде Влчеа!

ЧСМ Букурешт вчера беше на добар пат да ја анулира разликата од гола од првата средба, им беше потребна победа од три гола разлика, а водеа и со шест (21-15). Но, во клучниот период се разигра Украинката Ирина Глибко. Таа не само што ја врати Влчеа во игра, туку и рековме, во последниот напад беше 29-29. 
Победничкиот гол на ЧСМ предизвика многу реакции кај домашната екипа, но сеедно на крајот за победник беше прогласен ЧСМ. 
Сега, независно од тоа што ќе одигра тимот на Драган Ѓукиќ, доколку Влчеа си ја одработи домашната ќе се врати на тронот на романскиот ракомет по пауза од 6 години. Олчим Влчеа, клубот од чија пепел измникна сегашниот тим беше неприкосновен во Романија со 19 шампионски титули во периодот меѓу 1989 и 2013.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk