Лазаров и Митков добиваат нови тренери

Изненадувачки потег одигра екипата на Нант за која настапува капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров.
Нант денеска објави дека во 2020 ќе се раздели со тренерот Тјери Анти. 

Овој француски стратег има исклучително висок рејтинг. Во Нант дојде во 2009 година од редовите на ПСЖ (тогаш Париз Хендбал) и цела деценија го водеше проектот кој лани до доведе до финалето на Лигата на шампионите. 

Нема најава кој ќе го замени Анти во 2020 година, веројатно нема ни многу брзо да се реши тоа прашање. Причината поради разделбата е - Нант почнува нов 10 годишен проект, а Анти си заминува како дел од стариот. 

Нов тренер ќе има и Влатко Митков во екипата на Брегенц. Овој клуб не беше задоволен од досегашната работа на Германецот Јорц Лицелберге, па реши да прв човек да го постави Маркус Бургер кој своевремено беше асистент на Дагур Сигурдсон во репрезентацијата на Австрија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk