Трансфери: Кашпарек останува, Хрстка си оди

Пик Сегед, можниот противник на Вардар во 1/4 финалето на Лигата на шампионите, утрово објави дека постигнале договор со кој чешкиот десен бек Станислав Кашпарек останува нивни играч до јуни 2021 година. 
Кашпарек го привлече вниманието во Сегед по ЕП Хрватскс 2018 и веднаш реагираа Унгарците и го доведоа од Балатон. Таму сега дели минутажа со Хорхе Македа.

Ден претходно Татран Прешов објави дека левото крило, репрезентативец на Чешка, Јакуб Хрстка, си заминува во јуни.
Играчот што (некако) најдобро игра против македонски екипи и репрезентацијата, се сели во втората Бундес лига, во екипата на Десау, клуб што со години важи за база на чешки ракометари. Заминувањето на Чехот од Татран можеме да го сфатиме и како почеток на поголем егзодус од словачкиот клуб затоа што нивниот сопственик најави враќање на клубот на аматерско ниво. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk