СЕХА: Загреб ги реди коцките за полуфинале

Денеска се играат двата последни натпревари во СЕХА Гаспром шампионатот, од регуларниот дел на сезоната. Во  Нашице, Нексе го пречекува Мешков Брес, а кратко откако ќе заврши тој натпревар, во Загреб, ППД Загреб го пречекува Татран Прешов. 

Ова му дава на ППД Загреб мала ексклузива, да темпира со кој противник ќе игра во полуфиналето на СЕХА Ф4 на 2 април во Брест. 

Нексе и Мешков ќе се борат за третото место. Која екипа ќе победи ќе биде на трето место, со тоа што на Нексе и нерешено му одговара за повисока позиција. 

Потоа ППД Загреб ќе игра за прво место со Татран. Со победа би бил прв, со реми или пораз би бил втор, евентуално трет. 

Ако ППД Загреб биде прв, тогаш Вардар ќе биде второпласиран и ќе игра со третопласираниот. Во случат ППД Загреб, Вардар и Нексе да завршат со 42 бода, распоредот ќе биде Загреб, Вардар, Нексе. 

ДЕНЕСКА
НЕКСЕ - МЕШКОВ БРЕСТ   17:30
ППД ЗАГРЕБ - ТАТРАН   19:15

ТАБЕЛА
1. Вардар 42 бода
2. ППД Загреб  39
3. Нексе  39
4. Мешков Брест  36
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk