МАКЕДОНИЈА ЖЕНИ: Симовски одбра за контролите со Ц. Гора

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Симе Симовски, денеска го објави списокот на кој има 18 ракометарки кои на 22 март (17 часот) и 23 март (12:00) во Скопје ќе одиграат два пријателски натпревари со соодветната селекција на Црна Гора. Натпреварите ќе се играат во „Автокоманда“, а влезот на овие средби ќе биде слободен.

Овие натпревари се контрола и подготовка за настапот на Македонија во баражот за пласман на СП Јапонија. Противник на решавачките елиминациски средби за пласман на мундијалот, ќе ни биде репрезентацијата на Словенија. 



Во неделата на ЕХФ собир ќе имаат и јуниорките предводени од Јулијана Црвенкоска Дамчевска. Тие исто така ќе одиграат две средби со соодветната репрезентација на Црна Гора. Термините за тие средби се 22 март (15:00) и 23 март (10:00) во салата „Автокоманда“. 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk