EВРОПСКИ КУПОВИ: Дамите стигнаа до полуфинале

Сезоната некако забрзано се движи кон својот финиш. Се уште во мислите одѕвонува мундијалската химна испеана од Доминик Клајн, а од друга страна веќе стигнаа битките за пехар во Европските Купови. 

Дамите се веќе дојдени до полуфинале! 

Во ЕХФ Куп, во полуфиналето ќе играат Шофок на Андреа Пенезиќ и Татјана Хмирова против некогаш славниот Виборг.
Другото полуфинале го сочинуваат клубот што го спасија локалните бизнисмени - Икаст против Есбјерг, уште еден тим од Данска. 

Во Челинџ Куп, пак, Дајана Јовановска со својот Кристијансанд ќе се суди со шпанската Гран Канарија, додека од „таа страна“,  полскиот Погон Шчечин и холандската екипа Квинтус ќе се борат за влез во финалето.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk