ЛШ ЖЕНИ: Кој со кого во 1/4 финале?

Заврши групната фаза од Лигата на шампионите во женска конкуренција и сега следи завршницата или единственото што навистина вреди да се гледа од женската Лига на шампиони.

Во битката за покана за „Ласло Пап“ останаа осум екипи. Според пласманот вкрстуваат, а според пласманот и подобро рангираните реваншот ќе го играат дома. 

Мец и ЧСМ Букурешт е најинтересниот пар. Романките откако ги загубија Кристина Неагу и Амандар Куртовиќ и склоија тим за следната сезона со осум нови имиња, овој дуел го почнуваат дома. Мец во случај ЧСМ да беше комплетен со стравопочит ќе го изговараше нивното име, но вака, ја добија и улогата на фаворит.

ФТЦ, екипа која во домашиот шампионат е рамо до рамо со Мец, за противник го има Ростов. И овој дуел е непредвидлив и лесно е остварливо во Будимпешта да видиме два домаќина. 

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
1/4 ФИНАЛЕ

ОДЕНЗЕ - ЃЕР
ЧСМ БУКУРЕШТ - МЕЦ
ФТЦ БУДИМПЕШТА - РОСТОВ
БУДУЌНОСТ - КРИСТИЈАНСАНД
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk