Данскиот ГОГ си доби џек пот

Екипата на ГОГ, нејзината женска секција до 19 години, доби своевиден џек - пот. Нивни нов тренер, односно асистент на нивниот тренер стана Николај Јакобсен, селекторот на машката репрезентација на новиот светски првак Данска. 

Николај Јакобсен летово ќе го напушти Рајн Некар затоа што Данска нема да му дозволи дуплирање на работата. Работата во тимот на ГОГ иако ќе ја врши бесплатно, подвлечено е двојна работа. 
Па сепак, Данска нема да му се меша во работата. 

Причината поради која Николај Јакобсен стана бесплатен асистент тренер на ГОГ е тоа што во таа екипа игра неговата ќерка. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk