Три ѕвезди продолжија договори

Не е само Хановер клуб што денеска се пофали со продолжување на договор со својот најдобар играч. „Противодговор“ на Германците стигна од Данска и од Полска. 

Скјерн ги израдува своите навивачи со информацијата дека го продолжиле договорот со бескомпромисниот борец Бјарте Мирхол. На возраст од 36 години овој Норвежанец игра како во најдобрите денови. И подобро од тоа. 
Работата што овој трансфер го прави единствен е што Скјерн и Мирхол во ниту еден момент не разговарале за пари. 

Висла Плоцк конечно потврди дека продолжува договор со Бразилецот Гиљермо Де Толедо. Десниот бек на Бразил беше поврзуван со повеќе екипи, меѓу нив и со Вардар, но останува во Плоцк.

И тој не е единствениот што останува, договорот го продолжи и хрватскиот пикер Ренато Сулиќ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk