Хановер го задржа златниот Данец

Екипата на Хановер, противник на Е. Работник во ЕХФ Куп, објави дека го продолжиле за една сезона договорот со данскиот интернационалец Мортен Олсен и тој ќе остане во клубот до јуни 2020.

Мортен Олсен играше во позадина на Микел Хансен и Расмус Лауге на мундијалот во Германија, но неговите непредвидливи и нескротливи удари од дистанца и завршија голема работа на Данска во освојувањето на златниот медал.

Е. Работник имаше можност уште во првото коло да се увери за каков играч се работи. Додека тој везеше, Хановер беше недопирлив, но откако одиграа фластер на него, играта на Германците се распадна. 

Во Хановер тој е незменлив, посебно затоа што Павел Атман постојано е повреден. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk