Каденас бира меѓу Аргентина и Мешков

Маноло Каденас и Мешков Брест имаа договор според кој шпанскиот тренер требаше да ја напушти функцијата селектор на Аргентина по мундијалот во Германија. 
Но, во тој договор има и други клаузули што шпанскиот тренер сега ги разгледува и дури во преден план излегува опцијата да си замине од Мешков Брест доколку не му биде дозволено паралелно со клубот да биде и селектор на Аргентина.

Ова доаѓа откако Маноло Каденас му соопштил на Александар Мешков дека во август ќе ја води Аргентина на Пан Американските игри во Лима. Шпанската новинска агенција ЕФЕ ја објави оваа информација. 

Каденас добро го одбра моментот, Мешков се пласираше во елиминациите од ЛШ (во Топ 16 ќе игра со Флензбург), а на добар пат е и да игра Фајнал Фор на СЕХА и тоа на домашен терен. 

Но, одговорот од Мешков Брест, се уште се чека... 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk