Металург без волја, мотив и без шанси во Прешов

Металург својата најслаба сезона во СЕХА Гаспром ќе ја заврши на позицијата број девет, подобро пласирани само од Извиѓач. 
Вечерва шансата за подобар впечаток металурзите ја упропастија во морничаво празната сала во Прешов, каде што домашниот Татран им одржа леција и ги победи со цели десет гола разлика (30-20).

Дваесетина минути Металург беше рамноправен. Во резултатска негатива, но сепак, со поднослив минус од два-три гола. Се до финишот на првото полувреме кога, домашните се изборија за разлика од 4 гола. 

Немотивирани, бледи и со бело знаме ракометарите на Металург излегоа на теренот во второто полувреме. Разликата веднаш се искачи на седум-осум гола и така беше се до крајот на натпреварот. 

Очајната реализација во која на пример Танкоски (0/4), Пучник (0/3), Јагуриноски (1/4), Шилегов (2/7) или вкупно три играчи имаат 3/18 е доволно силен податок за да се извлече заклучок за овој меч. 
Никола Костески од редовите на Татран постигна два гола од три обиди. 

Последниот меч од СЕХА за годинава, Металург ќе го игра против Војводина на домашен терен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk