Осум нови играчи во ЧСМ, една од нив е екс Вардар

Нора Морк не е единственото засилување за ЧСМ Букурешт за следната сезона. Клубот објави трансфер на уште седум ракометарки што треба да го засилат ЧСМ до ниво да стане европски шампион. Сами пресудете дали со овој избор се чекор поблиску или подалеку од шампионскиот пехар. 

Една поранешна ракометарка на Вардар доаѓа во Букурешт. Тоа е Црногорката Андреа Кликовац. По Жито Прилеп, Вардар и Кишварда, Кликовац заедно со Нора Морк ќе бидат десните бекови во ЧСМ. Барбара Лазовиќ, уште една екс Вардарка, заминува од клубот. Лаура Кипер е исто така ново име, таа доаѓа од Брашов ќе и прави друштво на Мартин на десната крилна позиција. 

ЧСМ Букурешт купува две ракометарки што играат под водство на Марјан Колев во Ница, Франција. Тоа се Линеа Торстенсон и Кармен Мартин. И двете имаат играно во Романија, сега се враќаат да ја докомплетираат мисијата. 

Пикерот Кринеа Пинтеа која е обврзана до крајот на сезоната со Ѓер, е уште едно ново име. 

Голманот Дениса Деду и левиот бек Габриела Пирјану, две романски репрезентартивки, доаѓаат од унгарскиот тим Шофок. 

Од клубот заминуваат Паула Унгуреану и Оана Манеа (крај на кариера) си одиат и Натали Хагман, Сабине Јајкобсен, Барбара Лазовиќ, Јованка Радичевиќ, Мајда Мехмедовиќ и Аманда Куртовиќ. 

Драган Ѓукиќ мошне веројатно заминува од кормилото во јуни и би требало да биде заменет со Томас Риде. Ѓукиќ би можел да го преземе машкиот тим на ЧСМ Букурешт, иако ова е засега само шпекулација. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk