ПРВА ЛИГА ПЛЕЈ АУТ: Младост го разигрува Аеродром

Неочекувано добар потег излезе поделбата на Првата лига на групи. Се врати натпреварувачкиот дух во понискиот ранг, сите екипи добија фер шанса да се борат за плеј оф, сега е на ред новата поделба на екипи што ќе играат плеј оф и екипи што ќе играат плеј аут.

Во текот на шампионатот слушнавме идеи дека треба да се формира Прва и Втора Лига за да плеј аут добие вистински натпреварувачки смисол, но наш став е дека тоа би бил погрешен потег, што ќе избрише се добро што донесе поделбата на лигите. 
А, ако екипите од плеј аут треба да докажуваат или да им се докажува дека играње во шампионат со рамни на себе има значење и ако тоа не е пласман во повисок или испаѓање во понизок ранг, тогаш има(ат) проблем од поинаков тип. 

Утре почнува шампионатот во Првата лига - Плеј Аут. Веднаш на стартот го издвојуваме гостувањето на Младост Богданци во Аеродром. Мите Стоилов и Никола Роглев уште еднаш ќе се сретнат со старите пријатели од Скопје и ќе се надмудруваат со Дарко Петровски и Горан Стојков. 

Интересно ќе биде и на другите натпревари, а посебно интересно ќе биде кога на пример споменативе екипи ќе вкрстат со уште еден проект од југот на државата, струмичкиот Астраион. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk