Уште неколку неодговорени прашања го чекаат својот ред и конечно викендов ќе се знае кој против кого ќе игра во елиминациите во Лигата на шампионите.
За Вардар веќе имаме неколкупати пишувано. Ако е втор во групата ќе игра против Спортинг, потоа оди на Флензбург. Или некој од екипите што ќе го предизвикаат, а тоа се Мешков, Монпеље или Кристијанштад.
Ако е трето место ќе игра против ППД Загреб или Мотор. Потоа оди на Пик Сегед.
Прилично јасно е што ќе се случува со Нант на Кирил Лазаров. Тие ќе го чекаат послабопласираниот тим од трката меѓу Келце и РНЛ. Потоа одат на дуел со Барса.
Најголеми лузери се токму споменатите РНЛ и Келце. Дури и да го минат Нант рековме одат на Барса, а подобропласираниот тим во 1/4 финалето оди на дуел со ПСЖ. Претходно соподобропласираниот меѓу ППД Загреб или Мотор.