ДИНАМО БУКУРЕШТ - СПОРТИНГ 26-27 (15-11)
Прв натпревар: 31-32
Освојувачот на второто место во групата „А“, а тоа можат да бидат само Веспрем или Вардар, во 1/8 финалето на Лигата на шампионите за противник ќе го има тимот на Спортинг Лисабон од Португалија.
Денеска Португалците предводени од Шпанецот Карлос Руесга и Катарецот Франкис Марзо го замолкнаа Букурешт и го совлада Динамо со 27-26. На првиот натпревар, исто така славеше Спортинг, на домашен терен со 32-31.
Динамо беше етикетиран како тим со поголеми шанси. Имаа активен резултат и водство и во Лисабон, иако на крајот загубија минимално. Затоа се очекуваше пред своја публика да стигнат до 1/8 финалето.
И по 30 минути изгледаше дека се на вистинскиот пат. Водеа со 4 гола разлика (15-11), а за пласман доволен ќе им беше и минимален пораз со оглед големиот број на постигнати голови во Лисабон.
Но, се скршија под притисокот. Спортинг израмни на 19-19 и дополнително ги притисна домашните каде што најдобриот стрелец, Тунижанецот Амин Банур имаше реализација од 2/12. Затоа Карлос Марзо постигна 8 гола, а на пет минути до крајот кога Спортинг поведе со 26-25, Динамо се скрши. Трагичар стана и крилото Негру кој промаши пенал во клучните моменти и Спортинг и од Букурешт си замина како победник.