Сегед го задржа Словенецот

Словенецот Ник Хенигман, еден од ретките словенечки производу кој успеал да се пробие без притоа да биде дел од Целје или Горење, потпиша нов договор со екипата на Пик Сегед. 

Унгарскиот првак, кој патем е и потенцијален противник на Вардар во 1/4 финалето на Лигата на шампионите, задоволен од тоа што Хенигман го игра во нивниот тим му понудија продолжување на договорот. Хенигман ги прифати новите услови и останува во Сегед најмалку до јуни 2021 година. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk