Омореги продолжи со Букурешт

ЧСМ Букурешт денеска имаше причина да се пофали со две вести. Сензационалната дека Нора Морк е нивна нова ракометарка и продолжувањето на договорот со бугарската интернационалка, која има и словенечки пасош - Елизабет Омореги. 

Црномурестата Омореги на почетокот на сезоната дојде во ЧСМ Букурешт од Крим Меркатор. Задоволи со односот и квалитетот и сега доби нови две години на хартија.

една од причините поради кои ја споменуваме е дека таа доби словенечки пасош, но се уште нема дозвола за настап за Словенија. Термините се разминуваат за 2-3 дена со дуелите што Словенија треба да ги игра против Македонија во баражот за СП Токио. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk