ОФИЦИЈАЛНО: Нора Морк во ЧСМ Букурешт

Трансферот на Нора Морк во ЧСМ Букурешт, што пред дваесетина дена ексклузивно го најави g-sport.mk  денеска доби и официјална потврда. 

Нора Морк е нова ракометарка на романскиот шампион, а во спротивен правец, од ЧСМ Букурешт во Ѓер, замина Аманда Куртовиќ. 

„Среќна сум што е ова завршена приказна. Имав неколку понуди, од четири-пет најдобри клубови во Европа, но бев повредена, малку се сомневав и во себе, но сепак без среќна што има толкава заинтересираност. 
Букурешт е убав град, екипата е силна и амбициозна, а и добро ќе бидам платена“, изјави Морк за норвешката телевизија ТВ 2. 

Договорот е постигнат на две години. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk