Гуглета е пред потпис со Пелистер

Пелистер е на чекор да доведе уште едно големо засилување за претстојните битки во плеј оф шампионатот. Десното крило Александар Гуглета, играч добро познат на македонската јавност од настапите за екипата на Металург би требало да биде последното засилување за битолчани.

Александар Гуглета на почетокот на сезоната замина од Метлаург, но не замина и од Македонија, па веќе беше поврзуван за неколку македонски екипи. 

За Пелистер веќе еднаш објавивме дека е сериозн заинтересиран, како што дознаваме преговорите се во финална фаза и веројатно утре, на последниот ден од преодниот рок ќе биде официјализиран и овој трансфер. 
Претходно, Пелистер се договори и со голманот на Вардар, Даниел Ѓоргески. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk