Металург против Вујо за осмо место

На три кола до крајот на регуларниот дел од сезоната, Металург и Желеничар во директен дуел ќе решат која од овие две екипи на крајот ќе го освои осмото место. 

Железничар е во блага предност со оглед на тоа дека победи на првата меѓусебна средба, а и игра на домашен терен денеска. Металург од друга страна, ја крена самодовербата со победата во Букурешт, па сега сака продолжување на победничкиот чекор. 

Железничар е одлична можност да се освојат нови три бода, но нема нишлиите сигурно да прифатат улога на добри домаќини. Напротив, очекуваме битка како за прво место. 

Натпреварот почнува во 17:00 часот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk