ЕХФ ТРАНСФЕРИ: Холандија доби селектор и асистент, Целје ги враќа „избеганите“

Ерата на Хеле Томсен во женската репрезентација на Холандија заврши. Екипата со најголем напредок во 21 век, сега ќе ја води нов селектор - Eмануел Мајонад.
Интересно е дека тој за свој асистент ја назначи Екатерина Андрушина, поранешната руска репрезентативка.

Марко Мамиќ, хрватскиот бек, по една сезона ината во Келце и одбележана со повреди, од јуни би можел да се пресели во големиот домашен ривал - Висла Плоцк, велат од Спортове Факти. 

Контрадикторни информации доаѓаат од словенечките новинари, но да одбележиме. Целје прави обид да ги врати во своите редови Жига Млакар и Матиц Сухолежник.

Германскиот Мелзунген продолжува дас е екипира. Го обнови договорот со данскиот играч Ласе Микелсен. 

Белорусинот Вадим Гајдученка, потпиша нов договор со францускиот Ст. Рафаел. 

Мајбрит Тофт Хансен, една од сестрите (пикери) на славното дуо Рене Тофт и Хенрик Тофт, потпиша договор со екипата на Виборг. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk