Закажана премиерата на Game of Thrones

HBO официјализираше дека првата епизода од осмата и последна сезона од мега популарната серија Game of Thrones ќе биде емитувана на 14 април 2019 година. 

Последната сезона ќе има шест епизоди. Нема да бидат супер долги, односно нема да траат повеќе од два часа. 

HBO досега нема објавено официјален трејлер. Сите се само тизери, што не откриваат ништо. Теориите за тоа како ќе почне и како ќе заврши оваа серија се зголемуваат, но освен што се знае дека оваа сезона ќе биде „најкрвава, полна со војни, предавства и полна со опасност“, никој ништо повеќе не знае. 

Актерите сценаријата ги добивале во електронска форма, која по снимањето на сцената се самоуништувала (како во Невозможна мисија). Оттука и фактот дека се што се шпекулира околу серијата се само нагаѓања. 

Наскоро официјалниот трејлер ќе мора во јавност, а 14 април и не е толку далеку. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk