Алушевски ќе го води Еурофарм Работник

Стевче Алушовски, име на кое не му треба никакво посебно претставување пред македонската ракометна публика е новиот тренер на Еурофарм Работник. 

Информацијата се уште не е официјално потврдена од клубот, но веќе утрото по најавената оставка на Ѓорѓе Чирковиќ, како најсериозен кандидат беше споменат Алушовски, а до вечерта, веќе цела битолска чаршија очекуваше негова промоција. Се очекува секоја момент потврдата од клубот. 

Алушовски во својата тренерска кариера има само еден пораз, во своето деби како тренер на Пелистер, а потоа до крајот на неговиот ангажман во клубот имаше само победи. Тогаш Пелистер беше во многу лоша финансиска ситуација, Алушевски покрај резултатите одлично го менаџираше и овој проблем. Барем меѓу играчите. 

Подоцна беше заменет и одноо се посвети на работата во својата ракометна академија, каде сега му помага уште едно познато име - Александар Јовиќ. 
Се шпекулираше дека и Јовиќ заедно со Алушовски ќе го видиме на паркет во „Боро Чурлевски“ , но тоа барем во првиот период нема да биде случај. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk