Трефилов е опериран, се молиме за него

Легендарниот тренер на женската репрезентација на Русија, Евгениј Трефилов, денеска беше опериран на клиниката за градна хирургија во Краснодар. 
Операцијата минала успешно, тој се наоѓа на интензивна нега.

„Операцијата мина успешно. Но, ние сме многу загрижени за него. Се надеваме дека ќе биде во ред и се молиме за него“, изјави претседателот на руската федерација Сергеј Шишкарев.
„По вакви операции, луѓето вообичаено можат да продолжат со својот живот, нормално, без поголеми рестрикции. Сите ние сме фолкусирани да испратиме само позитивна енергија кон Трефилов“, изјави Шишкарев.

Трефилов се пожали на болки во градите пред десетина дена. Беше хостпитализиран и му беа дијагностицирани срцеви проблеми. Операцијата беше нужно решение.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk