Целје промаши сензација и плеј оф

ФЛЕНЗБУРГ - ЦЕЛЈЕ  27-26 (16-12)

Екипата на Целје промаши сензација и промаши шанса да се пласира во плеј оф натпреварувањето во Лигата на шампионите. 
На 30 секунди до крајот, при резултат 26-26 Флензбург во напад направи техничка грешка. Целје тргна во контра-напад, имаше Тилен Кодрин чиста ситуација, зицер, но голманот Бенјамин Буриќ го одбрани неговиот шут. ќ
Потоа Целје направи седмерец, времето истече, а Хампус Ване луцидно од прва го совлада одличниот Клемен Ферлин.

Претходно целиот натпревар го контролираше Флезнбург. Целје играше многу убаво за око, но не и многу дисциплинирано, па по неколку врзани грешки во првиот дел Флензбург со серија од 6-1 направи комотна предност и јас одржа до крајот на полувремето (16-12).

Во вториот дел Целје во еден момент беше во криза, Флезнбург поведе со 24-21 и се чинеше дека средбата е готова. Но, Клемен Ферлин на голот, Акамбре и одличните пикери во надот донесоа шанса за пресврт. Тилен Кодрин погоди за израмнување, а потоа имаше шанса и вистински да се прослави.. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk