Може ли Мешков до СЕХА Ф4?

Веќе најавивме дека градот Брест во Белорусија е најсилниот кандидат за организација на завршниот турнир на СЕХА годинава. 
Но, за да ги соберат по втор пат најдобрите од ова првенство, ќе треба да исполнат еден услов - Мешков Брест да се пласира на Ф4. А тоа нема да биде лесно изводливо.

Белорусите играа со својот втор тим на неколку натпревари и запишаа неколку порази што сигурно немаше да ги доживеат доколку играа со првиот тим. 

Сега на табелата, на четири кола до крајот имаат 27 бода. Тоа се три повеќе од Татран Прешов, а имаат и подобар меѓусебен скор од Словаците, нивните единствени ривали за последното место штп носи Ф4. Но...

Мешков во последните четири кола ќе игра дома со Војводина, на гости со Вардар, дома со ППД Загреб и на гости кај Нексе. Дозволен му е само еден „кикс“. Вториот ќе значи дека Фајнал Фор ќе се игра во Осиек. 

Татран Прешов има три дуели по ред на домашен терен. Денеска ќе игра со Извиѓач дома, денеска. Потоа со Металург и на крај со Желенизчар. Тоа се би рекле, речиси сигурни 9 бода. Последниот натпревар го играат на гости кај ППД Загреб. 

Може да се случи, домаќинот на СЕХА Ф4 официјално да го дознаеме дури оп 13 март, кога се игра последното коло. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk