Дејвис ги „чува“ Манасков, Штербик и Ненадиќ за Вардар

Во сабота во Скопје, на три кола до крајот, во директен меч за второто место ќе се сретнат екипите на Вардар и Веспрем. 
Првата средба одиграна во Унгарија му припадна на Вардар, а македонскиот тим има и бод предност на табелата, па и реми за македонскиот состав е условно кажано поволен епилог. 

Но, со евентуална победа на Веспрем, се менуваат работите и тогаш Унгарците ќе бидат чекор напред. 

Давид Дејвис со Вардар не се раздели најпријателски. Беше обвинет дека ги изиграл своите довчерашни колеги и работодавци (изјава на Кокшаров), а сега се враќа со желба да чепне уште нешто. Нема збор дека добро ги знае своите противници и веројатно ќе биде спремен на сите полиња. 

Денеска Веспрем игра меч од домашното првенство, противник му е Будакалаш, а за оваа средба, односно во пресрет на саботното гостување во Скопје, одмораат тројца играчи. 

Дејан Манасков, Арпад Штербик и Петар Ненадиќ нема да ризикуваат повреда вечерва. Дали сите тројца, пак, од тие причини не се во составот или можеби има и причина плус, секако ќе дознаеме за кратко време. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk