Аманда Куртовиќ три години во Ѓер

G-sport.mk веќе го најави трансферот на Аманда Куртовиќ од ЧСМ Букурешт во Ѓер. Сега има и по некој детал плус, а тоа е дека норвешкиот десен бек по потреба и десно крило си заминува од Букурешт и во следните три години ќе го носи дресот на унгарскиот шампион Ѓер. 

Унгарките досега официјализираа два засилувања, тоа се Беатрис Едвиж и Нзе Минко од Франција. Секој момент би требало да ја официјализираат и информацијата за трансферот на Аманда Куртовиќ. 
Норвежанката е дел од ЧСМ, но нема да видат многу од неа во Букурешт затоа што се повреди непосредно пред почетокот на Европското првенство. 

Сепак, Романците сигурно нема долго да жалат по неа, затоа што од редовите на Ѓер, пак, треба да им дојде друга Норвежанка, далеку попознатата Нора Морк. И овој трансфер го најавивме но чекаме официјална потврда од Роаманија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk