Бундес лига: Кога капитенот ќе каже збогум

Фленс Арена го крајот на сезоната на секоја средба ќе биде на нозе кога ќе се спомене името на капитенот Тобијас Карлсон (38). Шведскиот дефанзивен експерт кој во Флензбург дојде во 2009 година и остана верен на клубот цела деценија

Тобијас Карлсон денеска објави дека оваа сезона е последна во неговата кариера. Неговиот договор со Флензбург истекува во јуни, а тој нема намера да го продолжи ниту со Флензбург ниту со некој друг. Ја завршува кариерата и веќе нема професионално да се занимава со ракомет. 

Оваа објава инстантно ги окупираше сите наслови во германските ракометни медиуми, а од клубот почнаа да стигнуваат честитки и емотивни пораки. 



Тобијас Карлсон е пивот кој важи за еден од најдобрите дефанзивци во модерниот ракомет, односно последните 20-тина години. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk