Екс француски првак на продажба

Женскиот тим Флери Лоар, француски првак од 2015 година и екипа што има гостувано и во Скопје и во Кичево, е на продажба. Ако не се најде купец до јуни, тогаш судбината му предвидува катанец на вратата. 

Претседателот на клубот Жан Пјер Гонтие на прес конференција, објави дека во јуни се повлекува од претседателската функција што ја извршуваше со години. 
Гонтие е првенствено лут на системот и градските власти кои на женскиот клуб  годишно му доделуваат 80.000 евра, а за споредба на кошаркарската екипа што се натпреварува во Про Б Дивизија - 1.2 милиони. 

„Очигледно е дека не сакаат женски спорт. Ми требаа 15 години да го сфатам тоа. Ќе се обидам со соработниците и волонтерите до јуни да најдам купец за клубот. Ако не успееме, иднината ќе биде неизвесна. Флери не е мртов, но е во опасност“, изјави Гонтие на прес конференцијата што се најде и на страниците на број еден спортскиот весник во Франција - Л'Екип. 

Во екипата на Флери во моментов играат неколку познати ракометарки, како Бруна Паула, Кристина Ележ, а  најпозната меѓу нив  е Александра Лакрабер. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk