Паличка: Извинете за тоа со Вардар

Германскиот Рајн Некар не може да се освести од поразот со Вардар во првото коло од продолжението на Лигата на шампионите. 
Германците во натпреварот влегоа како благи фаворити, беа надиграни, поразени и дури и победата во првото коло од продолжението во Бундес лигата не им ги залечи раните.

„Извинете за тој натпревар со Вардар“, изјави шведскиот голман Андреас Паличка по дуелот со Бергишер (26-20). „Од таков натпревар секој спортист може само да се срами. Игравме без страст, без сила. Не е оправдување, но долго не бевме заедно. Не изненадија што се толку фокусирани и како одиграа. Едноставно не не пуштија да влеземе во натпреварот, да почнеме да играме“, изјави Паличка за Handball-world.com.

РНЛ сигурно ќе се пласира во елиминациите од Лигата на шампионите, но во вкрстувањето може да очекува само силни противници, посебно ако дојде до 1/4 финалето. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk