Мелзунген слави: Лемке останува до 2023

Не е вообичаено дефанзивните ракометни играчи да ја надминат славата на напаѓачите и да бидат омилениот дел од тимот, без разлика што секоја публика крши прсти и се моли нивните дефанзивци да се претворат во пит були во клучните моменти. 

Можеме на прсти да изброиме ликови меѓу кои се на пример Виран Морос, Лука Карабатиќ, Тобијас Карлсон, од последното СП и Тијагуш Петруш, Жељко Муса... кои се прославуваат и со играта во одбрана. Имаме и добро познати „кољачи“ покрај кои не се поминува без пасош, а во Германија чија игра се базира на одбрана и силни дуели има двајца познати разбивачи. 

Тоа се Патрик Винцек кој игра и напад и Фин Лемке (27) веројатно нивниот најдобар специјалист за одбрана од моментот кога Оливер Рогиш ја заврши кариерата. 

Фин Лемке (210 см, 115 кг) е еден од најпопуларните германски ракометари, а неговиот клуб Мелзунген и нивните навивачи со право слават од вчера, откако клубот ја објави веста дека Фин Лемке го продолжил договорот со Мелзунген и останува најмалку до 2023 година. 

Лемке во Мелзунген дојде во 2017 и неговиот договор беше до 2020. Во пресрет на сезоната имаше 180 настапи за Мелзунген и 391 остигнат гол. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk