​Пешевски од Мотор, во Бундес лига

Македонскиот репрезентативен пикер Жарко Пешевски заминува од екипата на Мотор Запорожје и се сели во Бундес лигата. Сезонава, како и да е, прва како интернационалец откако замина од Металург, ќе ја комплетира како играч на украинскиот шампион. 

Екипата на Штутгарт е неговиот следен предизвик, клуб во кој тренер ќе му биде Јирген Швендкарт. Во моментов на пикерската позиција, оваа екипа ги има Германците Мануел Шпат, Симон Баумгартен и Швајцарецот Самуел Ротслибергер.
Симон Баумгартен по 15 години заминува и ќе му го отстапи местото на македонскиот пивот. 



На почетокот на сезоната овие три пивоти имаа бројки што никого не воодушевија. Шпат во вкупно има над 400 натпревари за клубот со просек од два гола по натпревар (2,044), Баумгартен на 104 натпревари имаше 173 гола (1,6 на натпревар), додека Швајцарецот има просек од 0,33 гола по натпревар.

Бројките покажуваат колку очајно им треба пикер напаѓач, а Пешевски не само во Металург, туку и во јануари во репрезентацијата покажа дека е пивот на кој треба многу да се внимава.
Жарко Пешевски амбициозно ја почна сезоната во Мотор, имаше одлично лично остварување на подготвителните натпревари и на стартот на сезоната, беше фален и од тренери и соиграчи и медиуми,  но работите се сменија кога клубот реши да го смени тренерот.



На местото на полскиот тренер Патрик Рoмбел дојде Украинец, Николај Степанец. Toj веднаш смени политика. Почна да форсира домашни, го „повампири“ и доведе во клубот Дорошчук и сега тој заедно со Бабичев му се главните пивоти. За Пешевски ова беше јасен знак дека треба час поскоро да си бара чаре.
 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk