Ѓер купи и втора Французинка

Актуелниот европски првак Ѓер прави реконструкција на екипата за следната сезона. Заминуваат со сигурност три ракометарки. Пикерот Ивет Брох, централниот бек Нике Грот и десниот бек Нора Морк. Нив ги нема во проектираниот состав за следната сезона објавен денеска на нивниот веб сајт. 

На местото на Холанѓанкие доаѓаат репрезентативки на Франција. Место Брох во тимот веќе е пријавена Беатрис Едвиж. На местото на Нике Грот денеска е ангажирана Естел Нзе Минко. Таа во моментов игра за Шофок, но е следена постојано од Ѓер и дојде времето да го направи клучниот чекор. 

Ѓер објави дека ќе купи уште два ракометарки и составот за следната година ќе му биде комплетен. Неофицијално, едната од нив е Аманда Куртовиќ која треба да дојде од ЧСМ Букурешт. Која е втората ќе дознаеме наскоро. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk