Толедо е чекор подалеку од Вардар

Десниот бек на репрезентацијата на Бразил, Жозе Гиљермо де Толедо влезе во центарот на вниманието непосредно пред почетокот на Светското првенство. 
Старата управа на Висла Плоцк предводена од Адам Вишњевски почна преговори за продолжување на договорот, но Бразилецот тактизираше. 

Во меѓувреме дали навистина или беше само дел од менаџерските заврзлами, Толедо стана еден од играчите интерсен и за Вардар кој ќе го загуби Даинис Криштопанс. 
Го прашавме и Толедо за време на мундијалот дали има понуда од Вардар, но тој избегна директен одговор „оправдување“ дека е фокусиран на СП, дека не знае за понудите и дека менаџерот ја брка „таа работа“. 

Полскиот весник „SportoweFakty“, кој по завршувањето на СП од лице место ја следи разврската во Висла, вклучително со трансферот на Толедо, вели дека играчите Толедо и Алваро Руиз ја прифатиле понудата од управата на Висла... од старата управа, таа што пред две недели беше променета. Сега е ред на новиот претседател Роберт Чвартек да го одигра својот прв потег. 

Дали тоа ќе биде потпис на договорот со Толедо или ќе фати некој поинаков курс, наскоро ќе дознаеме. Како и да е, денеска Толедо е чекор подалеку од евентуален договор со Вардар, иако не е готово, додека не биде се црно на бели и во Плоцк. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk