ТРАНСФЕРИ: Михаел Краус, Кристина Лишчевиќ...

Михаел Краус (35) поранешниот миленик на германската публика во јуни си заминува од Штутгарт. Неговото место ќе го заземе 10 години помлад Исланѓанец. Елвар Асгеирсон е новата плејмејкерска аквизиција на германскиот клуб. Краус годинава одново стана центар на внимание откако на еден натпревар постигна 17 гола. Така стана и потенцијален кандидат за кам бек во репрезентацијата, но се повреди непосредно пред СП и ги реши дилемите на селекторот Прокоп. 

Српската ракометарка Кристина Лишчевиќ свовремено беше откритие на Металург. Автокоманда беше нејзината отскочна даска кон Европа (Мец), а потоа смени уште пет клуба и три држави (Астраханочка и Кубан од Русија, Кишварда и Ваци од Унгарија и Есбјерг од Данска). 
Данските медиуми објавија дека на лето си оди од Есбјег и се враќа назад, на Балканот каде што би била поблиску до семејството. 


Кристина Лишчевиќ си оди од Данска и се враќа на Балканот

Германскиот Рајн Викинг, клубот од каде што Металург го купи пивотот Тео Чориќ, ќе пополни апликација за банкрот и веројатно нема да ја доигра сезоната. 
Претходно од оваа екипа си замина и поранешниот играч на Металург подоцна и на Вардар - Миладин Козлина. 

Алваро Руиз, 27 годишниот бек на Тулуз, следната сезона ќе биде дел од екипата на Висла Плоцк. Трансферот се уште не е официјализиран, но полскиот клуб објави дека се блиску до договор. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk