Нора Морк го одбра ЧСМ Букурешт

Официјално не е потврдено, но наш извор тврди, а ние очекуваме наскоро, практично во секој момент, да биде објавено дека норвешката ракометарка Нора Морк се договорила со романскиот клуб ЧСМ Букурешт. Трансферот би требало да е завршена работа, иако коа се работи за вакви играчи и клубови, секогаш постои и опција во последен момент нешто да се промени. 

Со тоа ЧСМ Букурешт и нивниот најголем ривал Ѓер ги заменија десните бекови. Во спротивен правец оди нејзината репрезентативна колешка Аманда Куртовиќ. Куриозитет е што и двете ракометарки се повредени и тоа на подолг период, но тоа не беше проблем на најбогатите екипи во моментов да го побараат нивниот потпис. 

За потписот на Нора Морк конкурираше и црногорската екипа Будуќност, а кога ваков играч станува слободен на пазарот, неминовно е да се појават и повеќе шпеклулации, а дел од нив го врзуваа и Ростов на Дон, а и екипи од Франција кои реално имаат доволно пари и амбиции за да купат вакво засилување. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk