Бодови за Вардар, Ол Стар за Дибиров

Тимур Дибиров си го доби заслуженото место во ол стар тимот на 11 коло на Лигата на шампионите, а Вардар си запиша два бода со кои ќе го брани второто место во групата викендов во Скопје. 

Дибиров не беше единствениот од претставниците од македонските клубови што успеа да се најде во селектираните моменти од ЕХФ, а овде го сметаме и настапот на Е. Работник во Хановер. 

Цепелинот што го реализираше Даинис Криштопанс го зазема четвртото место во Топ 5 голови од 11 коло. Интересно дури три цепелини имаше во најдобрите пет гола, а првото место му припадна на Игор Сорока од Мотор кој ваков потег изведе на мечот со Флензбург. 

Ол Стар 11 коло на ЛШ:
Голман: Винсан Жерар (Монпеље)
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Михал Јурецки (Келце)
Среден бек: Борис Пуховски (Мотор)
Десен бек: Иван Сршен (Загреб)
Десно крило: Лик Абало (ПСЖ)
Пивот: Јан Колбахер (Рајн Некар Левен)

Линк до видеото од ол стар изборот



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk