Мотор го приземји Флензбург

МОТОР - ФЛЕНЗБУРГ   28-26 (10-12)

Непоразениот бундеслигаш Флензбург, во ЛШ игра на едно поинакво ниво и полека заедно со РНЛ истапува од конкунренцијата за Ф4. Или ќе оди по многу потежок пат кон Келн.

За разлика од Бундес лигата, каде што има 20 победи од 20 меча, денеска во Запорожје, Флензбург го запиша шестиот пораз од 11 натпревари и се наоѓа на делба на третото место со ППД Загреб. 

Флензбург денеска водеше цели 57 минути во „Младост“ во Запорожје, но Мотор во чии редови беше Жарко Пешевски (за жал не го видовме на терен) израмни преку Пуховски, потоа преку Козакевич поведе со 26-25. Уште два гола постигнаа Украинците до крајот, примија само еден и запишаа вредна победа од 28-26.

Борис Пуховски со 9 гола и Малашинскас со 6 беа наефикасни во тимот од Запорожје, додека Расмус Лауге со 6 во редовите на Флензбург. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk