Супер Македа за два бода за Сегед

ЦЕЛЈЕ - ПИК СЕГЕД  28-29 (17-19)

Целје беше на прагот да приреди изненадување во Лигата на шампионите, кога на пет минути до крајот го презема водството од ПИК Сегед и поведе со 27-26. 

По ова Хуан Пастор побара тајм аут и целата игра ја насочи на десната страна од каде што напаѓаше Хорхе Македа. Уште во првиот обид поранешниот Вардарец донесе израмнување. Потоа истиот играч донесе и водство за Сегед. 
Акамбре израмни на 28-28, Сегед тргна во финален напад. Малку на сила, односно комплетно на сила Македа ја проби одбраната на Целје и погоди за 29-28. На Словенците им останаа пет секунди, но не успеаја да упатат шут. 

Рок Овничек блескаше во редовите на словенечкиот тим, постигна шест гола и беше прогласен (утешно) за најдобар играч. Најефикасен на мечот беше Македа со седум гола. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk